На почетокот на декември во Куманово, на ул.1 бр.56 во Долно Коњаре „Елида“ го отвори реновираниот маркет. Маркетот, се наоѓа на нова адреса, веднаш спроти стариот маркет „Елида“ бр.27.
Стариот објект беше со површина од 70 м² додека новиот е проширен со дополнителни 200 м² и магацин од 50 м². Маркетот е модерно опремен, со оддел за свежо печени кифли и лебови, оддел за свежо овошје и зеленчук и проширен асортиман со околу 5.000 артикли.
Во овој маркет се вработени 9 луѓе, а за побрза услуга на располагање се 2 наплатни каси.
За 2024 година завршивме со реотварања и отварања. За 2025 година планираме од 2 до 3 реотварања, во зависност од завршувањето на веќе договорените објекти. Целта ни е постојните маркети со квадратура под 100 м² да ги прошириме со над 200 м². Дополнително, планираме отворање на исто толку нови објекти. Нашата цел е секогаш да бидеме поблиску до купувачите, да понудиме конкурентни цени, асортиман што ќе го задоволи секое домаќинство и врвна услуга од вработените, изјавија од „Елида“ за InStore.
Како што соопштуваат од трговскиот синџир, следното планирано отварање ќе биде во Скопје (населба Кисела Вода) со квадратура од 200 м², со 50 м² магацински простор. Маркетот е планиран да се отвори во февруари и тоа ќе биде 34. маркет на „Елида“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.