Македонија

Уште поубава дрогерија на старо место: реновирана dm во „Капитол мол“

03 Sep 2024

Повеќе од еден месец по затворањето на dm дрогеријата во ТЦ Capitol Mall заради реновирање, најголемиот европски дрогериски ланец на 5 септември повторно ќе ги отвори вратите на уште поубавата и реновирана дрогерија, на Бул. „Јане Сандански“ бр. 7а, во склоп на трговскиот центар „Капитол“.  

Дрогеријата на dm во ТЦ Capitol Mall беше затворена кон крајот на месец јули, со цел нејзино разубавување и реновирање. Со реновирањето, проширени се одредени категории на производи и инвестирано е во нова опрема, со која ќе се подобри единственото искуство за пазарување за купувачите, но и ќе се олесни функционирањето на самата дрогерија. 

На денот на отворањето, купувачите ќе можат да уживаат во пазарувањето со попусти и многу подароци. Покрај тоа на денот на отворањето сите посетители ќе бидат пречекани во супер позитивна атмосфера и забава со DJ. 

Како и на секое отворање и реотворање на dm, така и сега, општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ с.Кучевиште, Скопје, соопштија од dm.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...