Македонија

Подарок ваучери од dm: Совршениот подарок за Денот на жената – 8 Март!

14 фев 2024

 Елегантен и практичен подарок кој никого нема да го остави рамнодушен: Подарок ваучерите од dm во износ од 350, 500 и 1.000 денари со 3 различни мотиви ги исполнуваат сите желби!  

Некои од нас уживаат да го искажуваат вниманието и благодарноста со зборови, но на некои тоа им е потешко. Зборовите играат важна улога, но што се случува кога не може да пронајдеме соодветни зборови? Тука настапуваат подароците! Без дилема, 8 Март е совршен повод да им покажеме на жените во нашиот живот колку ги цениме и колку ни се важни.

Токму затоа е dm тука, да ви понуди едноставен и брз начин да дојдете до соодветен подарок, независно дали станува збор за колешки, соработнички, деловни партнерки или едноставно за некоја драга личност во вашиот живот. Вредносните ваучери се одличен избор, за компании кои сакаат на своите колешки или соработнички да им го честитаат празникот за што постои и можност за плаќање на фактура. Освен тоа, со купување на 50 вредносни ваучери од 350, 500 или 1.000 денари, следува еден гратис ваучер во истата вредност!

Благодарение на неговата практичност и убавите мотиви, dm подарок ваучерите совршено се вклопуваат како подарок за секоја прилика. Ваучерите може да се набават во сите dm дрогерии во вредност од 350, 500 и 1.000 денари, а сопственикот на вредносниот ваучер може да го искористи истиот како платежно средство во сите дрогерии на dm и да си ги набави своите омилени производи.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на dm: Подарок ваучери | dm Македонија, а Вашите нарачки можете да ги направите на е-mail адресата: vauceri@dm.mk.

Извор/Фото: dm дрогерие маркт

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...