Македонија

„Ла фамилиа“ на нова локација во Кавадраци

07 Jul 2023

Во средата (5 јули) беше отворена „Ла фамилиа“ (La Familia Liquor & Gift Shop) на нова локација во Кавадарци, на улицата Илинденска, бр.115.

Претходната локација на специјализираната продавница беше на Маршал Тито, бр. 8.

По речиси еден месец пауза, новите и верни потрошувачи на „Ла фамилиа“ повторно ќе имаат можност да го почуствуваат врвното шопинг-искуство од големиот избор на светски брендови на алкохолни и безалкохолни пијалаци, прехранбени и непрехранбени производи, како и изработка на уникатни подароци, соопштуваат од компанијата.

Новиот продажен салон е тематски ентериерно уреден, поделен на неколку сегменти – пијалаци, производи од тутун, пакувани производи, подароци и специјализирани секции за свежо цвеќе, книги, грицки, кафе и други слични производи.

Специјализираната продавница од синџирот на „Ла фамилиа“ во Кавадарци е четврта по ред. Првата беше отворена во јули 2018 година во Велес, втората три години подоцна во центарот на Скопје (во непосредна близина на Универзалната сала), а пред една година беше отворена и продавницата во трговскиот центар „Ист гејт мол“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...