Македонија

Ново зголемување на платите во КАМ маркет

17 Mar 2023

КАМ маркет ги зголеми платите на своите вработени и со февруарската плата реализираше ново покачување во најголемите сектори - продажба и логистика. Со тоа во последните 12 месеци зголемувањето достигна 20 отсто во секторот продажба, додека во секторот логистика овој процент достигнува до 25 отсто, соопштија од компанијата.

Во изминатите 12 месеци просечната исплатена нето - плата во КАМ за сите вработени е зголемена за 18,5 отсто.

Значајно место во програмата за грижа и развој на човечките ресурси на КАМ има и проектот за поддршка на дуалното средно образование. Во изминатиот период компанијата склучи договори за соработка со 8 средни училишта, од кои педесетина ученици веќе се активно вклучени во работните процеси во КАМ.

Живееме во комплексни времиња, но остануваме доследни на редовно имплементирање на сопствените програми за грижа и развој на човечкиот капитал и грижа за нашите вработени. Зголемувањето на платите е само една од ставките предвидени во нашата програма. Листата на бенефиции за вработените, која вклучува исплата на регрес од 33.000 денари, слободен ден за роденден, ваучер за склучен брак, пакет производи за Бадник и Божиќ, попусти за одмор во хотелот „Вилиџ“, постојано ја дополнуваме затоа што веруваме дека една од најважните алки во синџирот за успех на една компанија се токму вработените. Во 2023 година овозможивме и нови дополнителни бенефиции на лојалните вработени. Остануваме посветени на подигнување на стандардот и грижата за вработените, велат од КАМ. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...