Македонија

Johnnie Walker повикува на глобалниот предизвик за бармени

02 Feb 2023

Светскиот број еден шкотско виски Johnnie Walker лансира нов Инстаграм предизвик за бармените ширум светот, фокусирајќи се на едно од најкултните и најпродаваните виски на брендот: Johnnie Walker Black Label. Овој реномиран бренд на бармените им нуди  можност да освојат ексклузивно и извонредно искуство со Johnnie Walker Black Label. во Шкотска, соопштија од „Гемак“. 

За учество во овој предизвик ќе бидат земени предвид, бармените кои ќе постават јавна објава на Инстаграм од нивниот личен профил и ќе прикажат автентичен коктел со  Johnnie Walker Black Label. Дополнително истиот пост треба да го содржи и рецептот на коктелот како и да ја наведат причината зошто  Johnnie Walker Black Label функционира совршено во сервирањето. Во постот треба да се тагне профилот на:@johnniewalker и да се искористат хаштаговите #KeepWalking и #JWBlackLabel. 

Пријавите треба да се достават најдоцна до 23:59 часот на 6 март 2023 година, а победникот ќе биде објавен на 17 март 2023 година. Истите ќе бидат оценети според естетиката и според балансот на рецептот и креативноста од професионално жири, во кое ќе бидат и Тим Филипс - Јохансон, глобален амбасадор на брендот  Johnnie Walker, Адриан Михалчик, победник за 2022 на светски познатиот натпревар  World Class Global Bartender of the Year 2022 и Ник Тезар, победник за 2022 на  Australia World Class winner како и победник на World Class Johnnie Walker предизвикот.  

Патувањето за победниците е предвидено за мај 2023 година. 

Повеќе информации за правила и услови за учество во предизвикот, погледнете на: https://www.johnniewalker.com/en/terms-and-conditions/bartender-challenge-terms-and-conditions/  и @johnniewalker на Instagram.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...