Македонија

(ГАЛЕРИЈА) Нов „Нетто маркет“ во Струга

21 Dec 2022

Во четвртокот (15 декември) беше отворен новиот „Нетто маркет“ во Струга, кој е 11 продажен објект на трговскиот синџир во овој град.

Новиот маркет се наоѓа на улицата Вељко Влаховиќ. Располага со продажен простор од 260 квадратни метри и со дополнителни 60 квадрати, кои се користат како магацински простор. Потрошувачите може да се услужуваат на две наплатни каси, а за услугата се грижи тим од 7 вработени.

Асортиманот во „Нетто маркет“ го сочинуваат 1.400 производи и како што соопштуваат од компанијата, тој константно се зголемува според барањата на потрошувачите и трендот за нови категории. Посебно внимание е посветено на свежото овошје и зеленчук и на свежото месо.

Како локална компанија, „Нетто маркет“ работи на тоа да бидеме што поблиску до нашите купувачи, а притоа да им понудиме асортиман со кој ќе бидат задоволени нивните потреби. Најважно за нас е купувачите да ги задоволат своите потреби преку најниски цени и најдобар квалитет, изјавија за InStore од менаџментот на компанијата.

Ова е 11. „Нетто маркет“ – сите продажни објекти на овој трговски синџир се наоѓаат на територијата на општина Струга. Во моментов работиме на подобрување на нашите маркети во смисла на големина на продажниот простор, категориите и асортиманот, откриваат од  „Нетто маркет“.

Gallery: Нетто маркет - Струга



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...