Македонија

„Тинекс“ демантира дека компанијата се продава

21 Sep 2022

„Тинекс“ денеска со соопштение демантираше дека е продаден на нов сопственик, косовската компанија „Вива фреш“, како што вчера објави регионалниот интернет портал „Шќипмедија“. 

По објавената вест на порталот „Шќипмедија“ на 20.9.2022 со наслов дека е постигнат договор за купопродажба на синџирот супермаркети „Тинекс“ од страна на компанијата „Вива фреш“,  вест која ја пренесоа многу македонски портали без да нè прашаат да ја потврдиме или демантираме веста и создадоа збунувачка атмосфера во јавноста, меѓу вработените и соработниците. Компанијата „Тинекс - МТ ДООЕЛ Скопје“  ја информира јавноста дека ниту „Тинекс“ маркетите, ниту компанијата е во преговори со потенцијални купувачи а уште повеќе дека дошло и до договор за купопродажба.  „Тинекс - МТ ДООЕЛ Скопје“  којa управува со „Тинекс“ маркетите и понатаму останува со единствениот сопственик  Владимир Тодоровиќ, соопштија од „Тинекс“. 

И самиот „Шќипмедија“ денеска пишува дека информацијата, која ја добил од извори во Тинекс, не била точна.

Нашиот портал во текот на вчерашниот ден ја објави веста дека косовската компанија постигнала договор за купување на компанијата „Тинекс“ во Македонија и дека наскоро се очекува потпишување и официјализирање на продажбата. Нашите извори, кои беа од „Тинекс“, за македонските портали ги демантира менаџерот на „Вива фреш“, негирајќи дека е постигнат таков договор, објави денеска „Шќипмедија“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...