Македонија

Нова донација на „дм дрогерие маркт“

26 Aug 2022

Компанијата „дм дрогерие маркт“ донира електромоторен транспортер за инвалидски колички по рамни скали на посебното основно училиште ,,Д-р Златaн Сремец“ од Скопје.

Како што информираат од компанијата, оваа донација ќе им ја олесни работата на наставниците и ќе ги подобри условите за децата што се дел од воспитниот образовниот систем во училиштето. Со електромоторниот транспортер, училниците и сите други простории на вториот кат од училиштето ќе станат достапни за децата, кои досега поради техничките препреки немале можност да ги посетуваат.

Ова не е прва донација на dm за ,,Д-р Златaн Сремец“. Соработката почна кон крајот на учебната 2018/19 година, кога компанијата ја реализира првата донација кон ова училиште со изградба на нова пристапна рампа на влезот, со што им е беше обезбедена голема поддршка на учениците со телесен инвалидитет.

Во согласност со принципите на кои се темели филозофијата на dm како компанија, продолжуваме посветено да работиме на подобрување на општествените околности преку бројни ангажмани, проекти, донации и спонзорства, изјавија од компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...