Македонија

Tanqueray Gin освои три престижни награди

14 Jul 2022

Според „Еуромонитор интернешнл“, респектабилен член на индустријата за истражување на пазарот, на теми како што се храна и пијалоци, здравствена заштита, технологија, козметика и мода, Tanqueray Gin е апсолутен победник во категоријата на пијалаци и освои 3 престижни награди: две први награди за  најпродаван џин (Bestselling Gin) и за избор на бармените во светот – 10та година по ред (Bartenders’ favorite) и втора награда за Џин во подем ( Top Trending Gin).

Овој успех на Tanqueray доаѓа по континуираните инвестиции на компанијата „Дијаџо“ во силна иновативна линија на производство и развој на кампањата „Unmistakably Tanqueray’ која беше надополнета со нови партнерства и соработки со познати личности како Стенли Тучи и соработката со оскаровскиот филм „Куќата на Гучи“, проследена со дигитална кампања во 2021 година. 

Во текот на изминативе години, визијата на „Дијаџо“ за Tanqueray беше „да стане број 1 премиум џин бренд во светот“. 

„Дијаџо“ е глобален лидер во продажба на премиум пијалаци или највозбудливата категорија производи за широка потрошувачка.
Брендот во сопственост на „Дијаџо“, Tanqueray е дел од фамилијата на џинови кои може да ја најдете на веб продавницата на „Гемак“ и да го нарачате онлајн со брза достава до вашиот дом.

„Гемак трејд“ е компанија која во изминативе 30 години работи на увоз и дистрибуција на пијалаци, тутунски производи, кафе и храна. Покрај долгогодишните успеси како ексклузивен стратешки партнер на светски најпродаваните брендови, од мината година, „Гемак“ е дел од големата „Малиќи групација“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...