Македонија

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

16 Jun 2022

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај годинава е зголемен за 0,2 процентни поени во споредба со април и изнесува 13,4.

Сепак, како што соопшти  Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај годинава е намален за 1,4 процентни поени во споредба со мај 2021 година.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај, во однос на април 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај годинава е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2022 година изнесува 65,4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила (20,1%), недоволната странска побарувачка (17,9%), неизвесното економско опкружување (14,2%) и недоволната домашна побарувачка (12,2%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...