Веќе се испорачани првите количини на масло за јадење од Србија и очекувам утре да се најдат на рафтивите во продавниците, рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешната прес - конференција.
Првите количини веќе се стигнати од Србија, а на увозниците и на трговците е оставено каква динамика ќе спроведат во однос на нивната дистрибуција до купувачите. Не само масло за јадење од Србија, туку масло, рафинирано и нерафинирано, денес стигнува и од други земји. Денес имаме увоз од Русија, од Бугарија и од Украина, рече Николовски.
Тој потенцираше дека се прават политики и во насока на зголемување на домашното производство. Денес е објавен оглас за речиси 6.000 хектари државно земјиште за обработка на поледелски култури.Земјоделците ќе имаат можност да добијат субвенции за 40 отсто од сметките на ѓубривата. Зелената нафта се субвенционира 50 отсто, а дополнителни пари ќе има и за поголеми приноси на пченица, пченка и јачмен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.