Македонија

Намален индикаторот на доверба во преработувачката индустрија

18 Jan 2022

Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2021 година е намален за 0,1 процентен поен во однос на ноември 2021 година и изнесува 14,4, а во споредба со декември 2020 година е зголемен за 0,7 процентни поени, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во декември 2021, во однос на ноември 2021 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на декември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во декември 2021 година изнесува 68,8 отсто од нормалното искористување.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 20,8 отсто, неизвесното економско опкружување со 14,1, недостигот на квалификувана работна сила со 17,5 и недоволната домашна побарувачка со 13,1 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...