Македонија

Нов предизвик на ФИТР и „Тинекс“

22 Apr 2021

Фондот за иновaции и технолошки развој (ФИТР) започнува предизвик насловен како „Стартап херои” , прв проект кој се спроведува во рамките на Програмата за корпоративна иновативност. Предизвикот се реализира во соработка со „Тинекс“. 

„Стартап херои” е можност за малите стартап претпријатија кои имаат веќе развиен прототип на иновативен производ со потенцијал за пласман, да реализираат активности со кои ќе го подготват својот производ за успешен влез во малопродажба во маркетите на „Тинекс“. Сите наградени производи ќе се најдат на посебно обележани полици, на однапред дефинирани продажни локации на „Тинекс“ и ќе добијат соодветна помош при изготвување на маркетинг кампања за промоција на производите. Соработката подразбира и вклучување на производите во интегрирана дигитална маркетинг комуникација на синџирот маркети.

Буџетот предвиден за овој предизвик изнесува 7 милиони денари, со максимален износ по апликација од 600.000 денари. На повикот можат да аплицираат компании кои од своето основање до моментот на поднесување на апликацијата, не се постари од шест години. Во однос на условите, подобни се стартапи чии производи не се комерцијално достапни за продажба во синџирите маркети во земјата и странство. Годишните приходи на претпријатието треба да не надминуваат 500.000 евра во денарска противвредност за 2019 и 2020 година.

Дел од производите за кои компаниите ќе можат да побараат финансиска поддршка се: кондиторски производи, органска и здрава храна, алкохолни и безалкохолни (макс. 15%аlc.), основни прехрамбени продукти, конзервирани производи, козметички производи и итн.

Промоцијата на производите ќе трае една година. Рокот за аплицирање на предизвикот „Стартап херои” е до 25 мај. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...