Денес, по реновирањето, повторно е отворен маркетот „Тинекс“ во Тетово. Новиот модерен маркет се наоѓа на познатата локација, на ул. „Илинденска“ бр. 18б.
При реновирањето на маркетот се користени материјали што се лесни и погодни за одржување на висока хигиена во услови на глобална пандемија. Во маркетот е интегрирана висока функционалност и естетски дизајн на ентериерот, со цел на потрошувачите да им обезбедиме лесно и удобно пазарење. Производите се позиционирани според светски стандарди за лесна достапност, а ознаките во маркетот се лесно видливи и им овозможуваат на купувачите брзо да ги најдат своите омилени производи, соопштуваат од „Тинекс“.
Маркетот располага со палета од над 5.000 производи, маркетот располага со пиљарница и месарница, а по реновирањето има проширување на категориите здрава и органска храна и храна за домашни миленици. Продажната површина на „Тинекс“ маркетот е 560 метри квадратни, а потрошувачите ги опслужуваат 18 вработени на 4 наплатни каси.
Како новитет, во рамките на истиот објект од 9 април компанијата „Тинекс“ отвора и нова продавница на синџирот парфимерии „Космо“, кој на пазарот е присутен веќе 11 години. Новата парфимерија е на површина од 76 метри квадратни и отворени се 5 нови работни места.
Се вчитува следна вест...