Компанијата „Тинекс“ донираше 555 заштитни скафандери за медицинските работници во ковид-центарот при ЈЗУ на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Вредноста на донацијата е 100 илјади денари.
Континуирана е грижата на Tинекс за нашите здравствени работници и јавните медицински установи кои се во првите редови во борбата со корoна вирусот. Нивното здравје и заштита ни се многу важни затоа што тие несебично се грижат за што поуспешно лекување на болните од корона, соопштија од „Тинекс“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.