Македонија

ССМ: 80 илјади работници побарале правна помош поради откази

29 Dec 2020

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) годинава обезбедил правна заштита на повеќе од 80 илјади работници.

Обраќањата на работниците се однесувале на откази, притисоци за потпишување на спогодбени откази, за трансформација на работниот однос, намалени плати и упатување на принуден одмор на хронично болните и лицата кои се грижат за деца до 10 години, како и за исплата на регрес за годишен одмор.

Евидентирани се и голем број обраќања за прекинување на договорите за дело, предвремено прекинување на договори за вработување на определено време и непријавена работа. Најголем дел од обраќањата се од работници кои не се синдикално организирани со што се оневозможува вистинското делување на ССМ. Големиот број на обраќања од работници кои не се членови на синдикат и во овие сложени здравствени услови уште еднаш го потенцираше значењето и неопходноста од синдикално организирање и функционирање, велат од ССМ.

Оттаму посочуваат дека кампањата „Правна заштита-сигурност на работничките права”, придонела работниците да го препознаат ССМ како заштитник на работничките права и да се охрабрат да пријавуваат нерегуларности од работен однос. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...