Македонија

Дрогериите dm обезбедија 750 пакети храна за социјално загрозени граѓани

17 Dec 2020

„Купувајте во dm и направете добро дело“ – вака гласеше слоганот на иницијативата „Giving Friday“ со која дрогериите dm, на 27 ноември донираа 5 отсто од својот дневен промет во хуманитарни цели. 

На тој начин беа собрани 233.700 денари за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани. Од нив, 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“ , „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“ , ќе завршат во рацете на социјално загрозени сограѓани.

Од „дм дрогерие маркт“ изразија голема благодарност до сите свои купувачи и вработени, кои несебично го дадоа својот придонес кон оваа иницијатива. 

Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, а нашите подароци оваа година решивме да ги однесеме онаму, каде што е најпотребно. Посебно нѐ радува фактот што во овие претпразнични денови успеавме, со ваков скромен гест, барем за момент да ја вратиме насмевката на лицата на нашите сограѓани, соопштија од компанијата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...