Македонија

„Кодинг Горска“- прва фабрика во регионот со еколошко производство

14 окт 2020

Компанијата „Кодинг Горска“ почна да користи зелена енергија, со што стана прва фабрика за вода и сокови во регионот со еколошко производство. 

Користењето зелена енергија беше воведено минатиот месец.

Одржливиот начин на живот е само еден чекор понапред кон поголема еко-свест, и е значаен фактор за воспоставување рамнотежа помеѓу човекот и природата, велат од компанијата. 

Со користење на сонцето како извор на обновлива енергија, заштедата на средствата за електрична енергија е меѓу 25-30 отсто на годишно ниво. Благодарение на фотоволтаичиот систем за производство на електрична енергија со инсталирана моќност од 614 kW, се спречува емисија на СО2 и се намалува емисијата на штетни гасови. 

Со ова придонесуваме за заштита на животната средина и подобрување на секојдневниот живот. Ја чуваме природата и се грижиме за околината, мислејќи на иднината!, порачуваат од „Кодинг Горска“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Нов закон за работни односи од следната година

21 окт 2020

Финансиска помош за самостојните вршители на дејност

21 окт 2020

Поддршка за 48 компании кои инвестираа во време на корона-криза

21 окт 2020

„Македонија 2025“ освои награда Small Business Awards 2020

21 окт 2020

„Рамстор“ со волонтерска акција против гладот

21 окт 2020

„Кипер“ го отвори 56. маркет

21 окт 2020
Вчитува уште новости...