Kако можат компаниите да продаваат повеќе производи по повисоки цени и со тоа да генерираат повеќе приходи и профит? Клучните елементи на „Revenue Growth Management“ на 10 FMCG Summit ги истражува Кристијан Матијашевиќ, менаџер со повеќе од 20 години искуство во најуспешните светски компании во областа на рекламирањето и медиумите, телекомуникациите и FMCG-индустријата.
На 10 FMCG Summit кој ќе се одржи на 31 октомври во „Александар Палас“ ги истражуваме клучните елементи на „Revenue Growth Management“, односно како можат компаниите да продаваат повеќе производи по повисоки цени и со тоа да генерираат повеќе приходи и профит.
Целта е да се создадат оптимални активности без долгорочно оштетување на вредноста на брендот, усогласување на асортиманот на производи со пошироките деловни цели и избирање стратегии за раст кои не се „оптоварени“ исклучиво со намалување на цените.
Исто така, ќе ја анализираме важноста на другите фактори на RGM: ценовните стратегии, оптимизацијата на асортиманот, архитектурата на пакувањето, балансирањето меѓу количинскиот и вредносниот удел на пазарот, и сето тоа со силен фокус на активностите во продажните места.
Кристијан Матијашевиќ е основач и директор на консултантската компанија „Абнормал“. Тој е менаџер со повеќе од 20 години искуство во најуспешните светски компании во областа на рекламирањето и медиумите, телекомуникациите и FMCG-индустријата.
Член е на надзорниот одбор на HUKI – Хрватската канцеларија за креативност и иновации. Кристијан е поранешен маркетинг-директор на компанијата „Кока-Кола“ во регионот на Централна и Источна Европа. Со фокус на управувањето со растот на приходите (RGM), тој успешно водеше многубројни светски брендови кон континуиран и профитабилен раст.
Некои од клиентите со кои успешно соработувал или соработува – „Кока-Кола“, „Хрватски телеком“, „А1 телеком“, „Фортенова груп“, „Заландо“, „Стирија груп“, „Менпауер“, „Перутнина Птуј“, „Атлантик група.“
Тој е познат по трансформирањето сложени деловни концепти во практични и разбирливи деловни планови. Кристијан е добитник на многубројни меѓународни награди за маркетинг-ефективност. Магистрирал маркетинг-менаџмент. Тој е и инспиративен говорник и предавач на многу универзитети, бизнис-школи и конференции.
Резервирајте го 31 октомври и проследете ги најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 189 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 179 евра по лице
За 7 и повеќе учесници од компанија – 169 евра по лице
*Цените се без ДДВ
Цената за котизација вклучува следење на сите предавања, ручек и кафе пауза за едно лице.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
info@fmcg-summit.mk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.