FMCG Македонија 2023

Калина Медаровска-Михајловска – говорник на 9 FMCG Summit Skopje

20 Sep 2023

„Потрошувачките навики и прифаќањето на нови производи во време на инфлација“ е темата на која ќе се осврне Калина Медаровска-Михајловска, управител на истражувачката агенција БРИМА, на 9 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Калина Медаровска-Михајловска ги бележи почетоците во своето работно искуство уште во 2008 година како теренски анкетар, што ѝ овозможува спознавање на процесите, полесен увид и запознавање со работата на истражувачката агенција БРИМА. Дотогаш агенцијата работи речиси 20 години на пазарот, а е формирана како прва агенција за истражување во Македонија. До денес успешно има спроведено повеќе од 1.300 анкети во државата. По завршувањето на факултетот, во 2009 година таа почнува да работи во компанијата. На почеток работи како раководител на проекти, сè до 2021 година, кога станува управител на компанијата. Во текот на 14-ина години работно искуство, се стекнува со магистратура по маркетинг и посетува бројни работилници за лична и професионална надградба.

Како искусен раководител на проекти, најмногу се усовршува во областа за истражување на телекомуникациските услуги, FMCG-секторот како и во областа на социолошките истражувања. Има раководено со бројни квантитативни и квалитативни проекти за повеќе клиенти: „Македонски Телеком“, „Жито лукс“, „А1 Македонија“, „Магрони“, „Прилепска пиварница“, „Пивара Скопје“, „Нептун“, FRA, ОБСЕ, Стопанска банка, Охридска банка, IRI, политички партии, општини, бројни невладини и европски институции.

Медаровска-Михајловска на 9 FMCG Summit Skopje ќе се осврне на резултатите од истражувањето „Потрошувачките навики и прифаќањето на нови производи во време на инфлација“. Од истражувањето може да се согледаат потрошувачките навики на македонските потрошувачи денес, но и да се истакнат насоките според кои компаниите ќе се водат кога е во прашање пласирањето на нови производи во време на инфлација.

Резервирајте го 26 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.

КОТИЗАЦИИ

1 учесник – 199 евра

2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице

4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице

Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

info@fmcg-summit.mk



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...