Малопродажба

Ин трговец: „Рептил“

19 Feb 2013
Лична карта:
- 6 маркети во Скопје
- Над 100 вработени
Визија: Маркети со најдобрата услуга во градот!
Слоган: „Пазарете со срце и задоволство"
Опслужуваме: 6.000 потрошувачи дневно
Број на членови во „Рептил клуб": 8.000
 Дејности:
-Големопродажба во јавен и приватен сектор
-Достава на производи до компании
 
 
Историја
 
Маркетите „Рептил" постојат 16 години и бележат континуиран пораст и економски успех од своето основање. Компанијата е основана врз темелите на поранешните самопослуги „Центро" преку модернизирање на нивните простории и вработување на дел од нивниот искусен персонал. Ова овозможува да се истакне како единствен синџир на маркети во градот што ја продолжува традицијата и гарантира топла и искрена услуга за секој потрошувач.
 
Нашата услуга е нешто со кое најмногу се гордееме и ветуваме дека нашите потрошувачи ќе излезат задоволни при секое нивно пазарување. Оттука произлезе и нашиот слоган што гласи: „Пазарете со срце и задоволство".
 
Нашата компанија располага со шест маркети со средна големина и тие се распоредени во пет различни населби во главниот град: Центар, Црниче, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.
 

Во потрага по целосното задоволство на нашите потрошувачи, наша втора компаниска одлика е големиот и квалитетен асортиман на производи, чијашто густина по квадратен метар е над просекот карактеристичен за пазарот. Најпродаванa меѓу производите во нашите маркети е свежата храна.

 
Прочитајте повеќе во печатеното и електронското издание на InStore бр.4

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...