Во рамките на ублажувањето на мерките донесени за спречување на корона вирусот, од денес повторно почнуваат со работа рестораните и кафулињата.
Исто така, почнува да функционира и меѓуградскиот и железничкиот превоз на патници, а во одредени градови и јавниот градски превоз.
Трговските центри треба да се отворат на 8 мај, а градинките ќе почнат со работење од 11 мај.
До укинувањето на полицискиот час, што е можно да трае до крајот на следната недела, на сила се секојдневните ристрикции за движење кои траат од 18 до 5 часот наутро.
Рестораните и кафулињата може да почнат со работа со тоа што на отворено мора да се држи физичка дистанца и да се користат заштитни средства, а во затворените простори, исто така треба да се почитуваат мерките за дистанца и заштита што важеа и претходно за затворени простори.
Освен задолжителното носење на заштитна опрема треба да се почитува социјалната дистанца, затоа ќе се влегува на една врата, по принципот еден по еден.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.