Актуелно

Себастијан Ренак: „Алди“ и „Едека“ се борат за круната најголемиот продавач на органска храна

04 Sep 2024

Германските трговци ја прошируваат својата органска понуда. Дисконтите и супермаркетите ја зајакнуваат соработката со здруженијата за органско земјоделство. „Алнатура“, лидер во сегментот, со воведување на органски приватни трговски марки, го поттикнува развојот на сопствен бренд во целиот малопродажен сектор.

Опис на фотографијата: „Едека“ го инсталираше концептот Naturkind за продавница во продавница во избрани објекти.

 Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Дисконтот „Алди“ и операторот на супермаркети „Едека“ се борат за првото место во германскиот сегмент на малопродажба на органски производи. „Алди“ тврди дека генерира најмногу продажба со органски производи, повикувајќи се на податоци за продажбата од „Нилсен“. Од друга страна, „Едека“ се гледа себеси како лидер на пазарот во овој сегмент, повикувајќи се на истражување на пазарот спроведено од ГфК.

Групацијата „Едека“ во 2023 година ја прошири својата органска приватна трговска марка Edeka Bio на 485 производи, пренесе германскиот Lebensmittel Zeitung. Во тековната година, „Едека“ има намера дополнително да го прошири асортиманот во овој сегмент. Вклучувајќи ги и брендираните производи, „Едека зидвест“, еден од седумте регионални ентитети на трговецот низ Германија што е директен конкурент на „Алди зид“, нуди во просек 3.600 органски производи.

„Алди зид“ наведува околу 600 органски производи во 2023 година, сметајќи ги стандардните асортимани, сезонските и промотивните артикли. Минатата година, трговецот го лансираше својот органски бренд Nur Nur Natur покрај постојната палета на органски производи Gut Bio. Според трговецот, Nur Nur Natur го удвоил својот удел во вкупната продажба на дисконтерот од почетокот на 2024 година.

„Органски плус“ станува стандарден

Иако германските трговци во голема мера се потпираат на сопствените брендови во органскиот сегмент, секој од нив соработува и со здруженија за органска храна чии стандарди за сертификација ги надминуваат минималните барања на ЕУ.

„Алди зид“ и „Алди норд“ соработуваат со здружението „Натурланд“ од 2023 година, како и банерот дисконти „Пени“, на „Реве груп“, кој исто така почна соработка минатата година. Сестринскиот бренд на „Пени“, „Реве“, работи со „Натурланд“ повеќе од 15 години. Од друга страна, „Лидл“ веќе во 2018 година како партнер за соработка го наведе „Биоладн“, како и нејзината сестринска компанија „Кауфланд“.

Продавниците на „Едека“ не нудат само најширок асортиман на органски производи. Во текот на изминатите четири години, „Едека“ во својот асортиман годишно додаваше по едно здружение за органско земјоделство. Од 2020 година, трговецот соработува со „Деметер“, од 2021 година со „Биоланд“, од 2022 година со „Натуралнад“ и од 2023 година со „Биокреис“. Со цел дополнително да ги зајакне своите органски акредитиви и да ја искористи базата на купувачи на постојите органски специјализирани продавници како што се „Алнатура“ или „Денс Биомаркт“, „Едека“ го лансираше својот органски концепт на продавница-во-продавница „Натуркинд“ во 2022 година, а исто така отвори и индивидуални органски продавници со исто име во Германија.

„Алнатура“, лидер во сегментот, создава сопствен приватен бренд со влезна цена

Органските производи не се само стратешка област за дисконтерите да украдат побогати сегменти на купувачи од конкурентите во супермаркетите. Притисокот на трошоците од лидерот на органскиот пазар „Алнатура“ го направи развојот на приватните трговски марки поодржлив за другите трговци. „Алнатура“ управува со мрежата на продавници на компанијата и во својата функција на големопродажба исто така продава производи од брендот „Алнатура“ на трговците на мало како што се „Едека“ и „Реве“. Како одговор на негативната динамика на продажбата во 2022 година, „Алнатура“ во 2023 година воведе нов бренд под ознаката Prima! Alnatura. Сепак, трговецот на мало ја направи оваа евтина опција достапна само во своите продавници, а не за другите малопродажни партнери. Како резултат на тоа, многу намирници го зголемија развојот на нивната приватна трговска марка во сегментот.

Фирмата за истражување на пазарот ГфК проценува дека продажбата на органска храна и пијалаци во Германија ќе се намали за 4% во 2022 година.

 

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...