Видео вести

(ВИДЕО) Nike порачува: Не прави го тоа!

12 Jun 2020

Во екот на протестите против убиството на Џорџ Флојд од полицијата, гигантот за спортска опрема го промени слоганот.

По една недела протести и немири во Минеаполис и низ САД, како одговор на смртта на Афроамериканецот Флојд, спортскиот бренд Nike го промени познатиот слоган Just Do It (Направи го тоа) во For Once Don’t Do It (Барем еднаш не прави го тоа).

Преку новото видео од 60 секунди Nike порачува: Не преправај се дека не постои проблем во Америка. Не врти му грб на расизмот. Не прифаќај да бидат одземени невини животи. Не барај повеќе изговори. Немој да мислиш дека тоа не влијае врз тебе. Немој да седиш настрана и да молчиш. Немој да мислиш дека не можеш да бидеш дел од промената. Ајде сите да бидеме дел од промената.

Портпаролот на брендот посочува дека Nike има долга историја на борба против нетолеранцијата, омразата и нееднаквоста во сите облици. Се надеваме дека со ова видео ќе бидеме катализатор и ќе ги инспирираме луѓето да дејствуваат против длабокиот проблем во општеството, ќе ги охрабриме да помогнат во обликувањето на подобра иднина.

Кампањата за поддршка на борбата против расизмот привлече големо внимание од јавноста, осудувајќи ги постапките и законите што доведоа до смртта на Флојд.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...