Маркетинг

САД: „Џенерал Милс“ ги повика потрошувачите да ги споделат своите навивачки ритуали

19 Dec 2024

Компанијата „Џенерал Милс“ ја лансира кампањата „Ден за игра“ со цел да ги поттикне потрошувачите да ги споделат своите ритуали пред важните натпревари.

Во рекламниот спот на компанијата главните улоги ги имаат американскиот фудбалер Џејсон Келце, неговата сопруга и мајка, како и браќата фудбалери Ват.

Во изминатите две години семејствата Ват и Келце беа нашите МВП и ни помагаа да создадеме незаборавни искуства кои ги поврзуваат нашите потрошувачи со нашите производи. Сега ги повикуваме навивачите да ги споделат своите традиции и суеверија од пред натпреварите, за да бидеме сигурни дека сите ќе победат, изјави Дејна Бедхам, менаџерка за брендови во „Џенерал Милс“.

Како дел од кампањата, потрошувачите ќе можат да ги купат житните снегулки Lucky Charms, Honey Nut Cheerios, Cocoa Puffs и Trix во посебни пакувања инспирирани од американскиот фудбал.

 Во септември, браќата Келце во соработка со „Џенерал Милс“ го лансираа производот Kelce Mix кое вклучува различни видови на житни снегулки од компанијата како што се Cinnamon Toast Crunch, Lucky Charmsи  Reese’s Puffs.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Business Wire



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...