Маркетинг

Словенија: Argeta со нова кампања (Видео)

11 Jun 2024

Брендот Argeta во соработка со агенцијата „Луна“ ја лансира кампањата „Мит твитс“, во стилот на популарниот скеч „Меан твитс“, од американската емисија „Џими Кимел лајв“.

Во рамките на кампањата, Argeta заедно со долгогодишниот амбасадор на брендот, Ален Подлесник, дава одговори на негативните коментари за пашетите кои се поставени на социјалните мрежи.

Факт е дека Argeta е различна од поголемиот број на производители и дека не само уште една паштета. Темата за квалитетот е вообичаена во маркетиншките комуникации. Новата кампања е директен одговор на оваа честа дебата, изјави Мојца Песендофер, менаџерка за маркетинг за категоријата на солени намази во „Атлантик група“.

Покрај Словенија, кампањата е лансирана и на другите пазари во регионот, вклучувајќи ја Србија, Хрватска и Македонија.

 Извор: Marketing magazin

Фото: Argeta



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...