Истражувањето на иновациите од страна на ИГД им помага на трговците и доставувачите да ги идентификуваат можностите, да ги оптимизираат перформансите и да создадат конкурентска предност. ИГД константно ги следи и ги бележи глобалните иновации и случувања во FMCG-индустријата.
Автор: Абигејл Лоренс, аналитичар за иновации, ИГД
Оттаму, податоците ги користиме на повеќе начини:
- Резултатите ги покажуваме преку листа на иновации во неделно е-писмо.
- Правиме детални тримесечни извештаи за глобални теми што се идентификувале како иновации.
- Пишуваме глобални извештаи за трендовите и проектите што претставуваат иднина за малопродажбата.
Во продолжение ви ги претставуваме топ петте иновации во 2012 година:
1.ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА НА НОВО НИВО – иновација во дигиталната технологија за испраќање на персонализирани пораки што навистина ги импресионираат потрошувачите, па се прашуваат „Како е направено тоа?"
Холандскиот производител на пиво „Гролш" претстави фасцинантен промотивен пристап што на купувачите им овозможи интеракција со дигитален лик во реално време. Ние го тестиравме и резултатите се навистина неверојатни!
Како функционираше?
- Потрошувачот можеше да комуницира со измислен полициски детектив така што ќе испрати СМС-порака со своето име. Бројот потоа се забележува на интернет-страницата на „Гролш" и персонализираниот одговор автоматски се праќа на неговиот телефон.
- Оние што добиле порака во која пишува дека детективот ги познава, добиваат линк што ги води до бесплатен пакет пиво.
Кој друг го искористи овој пристап?
Во Грција, компанијата „Лакта" ја искористи „проширената" реалност, со што на купувачите на чоколадни барови им испраќаше персонализирани пораки, додека „Бритиш Ервејс" на клиентите кои по онлајн-пат го испратиле поштенскиот код за време на Олимписките игри им испрати персонализирани огласи со приказ на авионите што летаат над британските улици.
2.КОРИСТЕЊЕ GPS ЗА ЕДИНСТВЕНИ ПРОМОЦИИ – со поставување GPS-предаватели во пакувањата до иновативен натпревар.
Компанијата „Нестле" неодамна организираше локален натпревар во Велика Британија, кога во пакувањата чоколада постави GPS-уреди за следење.
Како функционираше?
- GPS-уредите ги скри во чоколадата Nestle. Уредите за следење се активираа кога потрошувачот ќе ја извлечеше GPS-картичката при отворањето на пакувањето.
- Откако ќе се извлече GPS-картичката, екипата на „Нестле" го пронаоѓа потрошувачот во рок од 24 часа и му врачува чек од 10.000 фунти.
- Се доделија шест вакви награди, а купувачите можеа онлајн да ги проверат победниците.
Зошто ни се допадна?
Кампањата на „Нестле" – „Ќе те пронајдеме" е прва од ваков вид, а купувачите се чувствуваа како да се во светот на Вили Вонкa. Клучното прашање за доставувачот е како може да се користи оваа технологија за идни промоции?
3.ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА КУПУВАЧКОТО ИСКУСТВО СО ДИГИТАЛНОТО
Приспособувањето е нова сила во иновациите, во време кога се зголемува побарувачката за персонализација, а малопродажбата се забрзува.
Hellmann's соработуваше со малопродажниот трговец „Сент Марше" во Бразил за да ги поттикне потрошувачите да користат мајонез и за нешто друго отколку само за сендвичи.
Како функционираше?
- Посебен софтвер инсталиран во касите на бразилскиот малопродажен синџир ги бележеше сметките што содржеа мајонез Hellmann's и други производи.
- Потоа, информацијата се користеше за генерирање рецепти што ги комбинираат состојките од потрошувачката кошница, што подоцна се печатеа на фискалните сметки.
Зошто ни се допадна?
Ова е одличен начин да се приспособат пораките и да се поттикнат купувачите да пронајдат нова потенцијална корист од производите. Во првиот месец, Hellmann's забележа пораст на продажбата од 44%.
4.„ТВИТЕР" КАКО СРЕДСТВО ЗА ПЛАЌАЊЕ – поврзување на онлајн- и офлајн-светот, комбинирајќи реално тргување во реално време со интерактивните социјални медиуми за промоција на нови производи.
„Келогс" ја отвори првата светска „твит"-продавница во Лондон за промоција на новиот производ Special K, користејќи ја моќта на социјалните медиуми.
Како функционираше?
- Купувачите што ја посетија „твит"-продавницата можеа да си земат кеса со нови производи и да ја платат така што ќе ја препорачаат продавницата преку својот профил на „Твитер".
- Персоналот на продавницата, девојките – Special K ги проверуваа твитовите на купувачите оставени во продавницата, кои можеа да ги постават преку паметен телефон или компјутер.
Кој друг го искористи овој пристап?
БОС, јужноафриканскиот производител на леден чај, постави апарати кои купувачите ги активираа преку „Твитер". Леден чај можеше да се добие само доколку во својот твит искористите хаштаг од овој производ.
5.ХОЛОГРАМСКО ПАКУВАЊЕ – создавање на визуелен впечаток и истакнување на полица по пат на иновативен дизајн на пакувања што ги инспирираат купувачите за да пронајдат нова намена на производите.
Пакувањето на сирењето Philadelphia е визуелно подобрено за да се претстават рецепти во кои се користи овој производ.
Како функционира?
- Кога купувачите го менуваат аголот на гледање, името на производот се менува и во предложениот рецепт како сос со ќофтиња или макарони со сирење.
- Употребата на „технологија со леќи" помага при воспоставувањето врска помеѓу брендот и новите потенцијални намени.
Зошто ни се допадна?
Производителите и трговците секогаш бараат нови начини на купувачите да им го приближат производот и неговата намена, а амбалажата е еден од начините за да се постигне тоа. Ваквата иницијатива помага при создавањето на визуелна привлечност на производот на продажното место.
Се вчитува следна вест...