Анализи

„Жапка“ планира да ја освои Романија

02 Jul 2024

Романскиот огранок на „Жапка“, „Фроо“ има за цел до крајот на годината да отвори 200. нови продавници.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

Малопродажната карта за урбаните дуќани во поголемите романски градови сѐ уште не е пополнета. Неколку од другите играчи планираат да ја зголемат својата присутност во малопродажбата на практични производи. Ширењето на франшизниот модел на „Фроо“ ќе биде клучен за порастот на неговата трговска мрежа. Во споредба со Полска, малопродажната франшиза во Романија сѐ уште е во зародиш.

    

Третопласиранот национален трговец со мешовита стока, „Профи“ започна да го шири својот формат „Профи го“ во урбаните квартови.

Полскиот лидер „Жапка“ го насочи својот поглед на романскиот пазар. Во главниот град, Букурешт, компанијата ги отвори своите пет продавници под слоганот „Фроо“. До крајот на годината се очекува продажната мрежа да се рашири на 200 локации, главно во урбаните центри.

Според податоците на „Ниелсен“, до крајот на 2023 година, сегментот трговија имал 13% удел во целиот пазар со мешовита стока, растејќи за 16,4% на годишно ниво. Единствено дисконтите имале побрз пораст во истиот период  од 20,8%.

 Сега, „Фроо“ се соочува со силна конкуренција во сегментот „продавници од соседството“. Главниот конкурент на малопродажниот пазар со храна, третиот по големина трговец во земјата, „Профи рум фуд“, работи со околу 1780 мали продавници во квартовите по различни имиња. Тука е вклучен концептот на продавници „Профи Го“, кој е позициониран како еднаква конкуренција на „Фроо“. Двата малопродажни банери имаат површина помеѓу 50 и 100 квадратни метри и асортиман од околу 2.500 артикли, со фокус на храната за носење и свежи производи. Со нешто над 100 продавници во земјата, „Профи Го“ сѐ уште не е сериозна закана за „Фроо“. Меѓутоа, ако предложената аквизиција на „Профи“ од страна на операторот со супермаркети и продавници „Мега имиџ“ биде одобрена, новото сопствеништво би можело да значи и промена во стратегијата и во темпото на развој.

Главната конкуренција веројатно ќе бидат операторите со угостителски услуги кои работат и со трговија. Покрај „Фроо“, постои уште еден нов учесник во сегментот „поволности“, „Гуд2го“, кој што ја отвори својата прва продавница во Букурешт во јануари, а има план до крајот на годината да се отвори уште 15 продавници. Неговите цели на среден рок звучат поскромно од оние на „Фроо“: во следните пет години „Гуд2го“ има план да отвори вкупно 200 продавници.

Меѓутоа, „Гуд2го“ го вклучува и просторот за кафе „5 то го“. Мешовитиот концепт за услужување храна и малопродажбата на храна би можело да претставува сериозна конкуренција на „Фроо“ во иднина. Брендот „5 to Go“ е активен на романскиот пазар од 2015 година и е познат по својата вредност во препозиционирањето. Во минатото, кафулињата продаваа кафе за околу  1 евро. Од сегашните 500 кафулиња, повеќе од половината се наоѓаат во главниот град. Покрај тоа, компанијата годинава планира ја прошири понудата на пакувана храна. Минатата година „5 to Go“ оствари нето промет од 40 милиони евра. Годинава плановите го вклучуваат ширењето во 40 нови градови во делот на Романија, отворајќи просечно по една продавница секој ден.

Рамноправната борба за сегментот „поволности“ ќе се води во арената за франшизи. Според британскиот Институт за диструбуција на прехранбени производи „ИГД“, уделот на традиционалната малопродажба во 2023 година кој  го сочинуваат   независните продавници „Мом & поп“ и помалите регионални трговски синџири, изнесува 34,1% од пазарот со прехранбени производи во Романија. Во Полска за истиот период таа бројка изнесува 16,9%. Меѓутоа, главната разлика помешу овие два малопродажни оквири е постоењето на проценетите 50.000 + франшизни продавници во Полска, додека концептот на франшизи во Романија уште е во зародиш. Според романскиот малопродажен портал, revistaprogresiv.ro, „Профи“ минатата година ја завршил со околу 1400 партнерски продавници. Од 15% од вкупната мрежа на продавници во 2019 година, уделот на франшизните продавници во 2023 година достигнал до 80%.

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

Фото: Pexels

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...