Анализи

Германија: Супермаркетите стануваат еднакви со дисконтерите

21 May 2024

По две години губењето на пазарниот удел кое беше предизвикано од инфлацијата, германските супермаркети ја стабилизираат својата позиција на пазарот. Цените на храната паѓаат за прв пат по десет години. Лидерот на пазарот, „Едека’, ја заврши годината со раст на продажбата под пазарниот просек. Банерот на „Едека“, „Нето маркен дискаунт“ и супермаркетите кои ги управуваат независните трговци помогнаа компаниите а да ја задржат својата позиција.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритејл аналитичар

  Супермаркетите и дисконтите во Германија се натпреваруваат очи в очи. Според најновите податоци од „ГФК – ЦПС консумер панел Германи“, двата сегменти во Германија успеале да ја зголемат продажбата за 5% во март, кој е последниот месец со достапни податоци. Во првиот квартал од оваа година, каналот на супермаркети предводен од „Едека“ и „Реве“ дури успеа да порасне малку побрзо, за 5,7%, наспроти растот на каналот на дисконтите - 5,4%.

Овие податоци може да укажуваат на пресврт на трендот, со оглед на забавувањето на инфлацијата. Според „Дестатис“ кој е  Сојузен  завод за статистика на Германија, цените на храната во март 2024 година паднале за 0,7 отсто на годишно ниво. Дефлацискиот резултат беше особено поддржан од годишниот пад на цените на зеленчукот од 20,1%. Според статистичарите, ова е највисоко ниво на дефлација од февруари 2015 година, кога цените на храната паднаа за 0,2% на годишно ниво.

Во текот на последните две години, дисконтерите успеаја да го зголемат својот удел на пазарот во Германија. На крајот на 2021 година, според „Гфк – Цпс“, каналот на дисконтерите сочинувал 34,8% од германскиот пазар на FMCG секторот. До крајот на 2023 година нивното учество се зголеми за 3,0 процентни поени на 37,8%. Во истиот период, супермаркетите ја загубија својата позиција, со пад од 0,8 процентни поени - од 29,4% на 28,6%. „Лидл“, „Алди“ и другите не не стекнале штета на  „Едека“, „Реве“ и други супермаркети. Позицијата на сегментот специјализирани продавници значително се влоши. Нивното учество падна од 15,0% на 12,5%.

           

 Ваквиот развој на ситуацијата се рефлектира и во развојот на германскиот лидер на FMCG пазарот, „Едека“, кој штотуку ги објави резултатите за изминатата финансиска година. Годишниот промет на групацијата во 2023 година се зголеми на 70,7 милијарди евра. Зголемувањето од 6,7% е далеку под инфлацијата на храната, која беше 12,4% во истиот период, според „Дестатис“. Според тоа, „Едека“ забележа благо намалување на пазарниот удел за 0,1 процентен поен од 29,5% на 29,4% во периодот. Според трговскиот синџир „Едека“, една од причините за ова е што купувачите во   супермаркетите можеа да ги пренасочат своите купувања повеќе кон промотивни попусти и од брендови на поевтини производи со приватна трговска марка, опција која е помалку достапна кај дисконтерите.

 Во рамките на групацијата „Едека“, дисконтот   „Нето Маркен-Дисконт“ беше лидер во растот, со пораст од 8,5% на 17,1 милијарди евра. Во сегментот на супермаркети, независните трговци на Едека беа најдобрите „играчи“, при што нето-продажбите се зголемија за 7,7% до 39,3 милијарди евра на прилагодена основа на продавници. Сепак, портфолиото на супермаркети со кои управува компанијата загуби 3,4% во нето-продажбите, намалувајќи се на 8,5 милијарди евра, делумно поради намалувањето на бројот на претпријатија - од 1.015 на 940 во текот на анализираниот период.

Фото: Pexels

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...