Минатата есен, групацијата „Алди“ објави тригодишен амбициозе план: до 2026 година имаат намера да ја прошират својата европска мрежа на продавници од сегашните 5.300 на над 6.000 продажни објекти. Фокусот ќе биде насочен кон странските филијали во Франција, Полска и Шпанија. Во таа насока, дисконтерот уште минатата година во септември креирал нова меѓународна холдинг група, која што ќе се занимава со меѓународното работење.
Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен ритеил аналитичар
„Алди Норд“ сака во Германија дополнително да ги поедностави своите продажни системи и да го оптимизира снабдувањето на своите продавници. До крајот на годината им претстои затворање на две од моментално постоечките 22 регионални компании на „Алди“. Со тоа, погодени се дури 146 продавници и 2.000 вработени во нив, кои ќе бидат распределени во соседните шест региони. По затворањето на двата регионални центри, ќе останат само 20 од поранешните 35 регионални ентитети на „Алди Норд.“ На овој начин „Алди“ сака да го направи својот бизнис поисплатлив. Конкурентот „Лидл“ работи со 22 регионални компании на територијата што ја покрива „Алди Норд“ и управува со 39 регионални компании низ Германија. Компанијата близнак на „Алди Норд“, „ Алди суд“ на југот работи во 25 региони, така што двата „Алди“ заедно ќе покријат вкупно 45 региони до крајот на годината.
Според изворите од секторот, многу од старите логистички центри, придружени од регионалните компании не го следеле чекорот на времето и не можеле економично да го поднесат растечкиот асортиман на производи. Причина за тоа е во последните години стандардниот асортиман на производи на „Алди“, значително се проширил, што резултирало со зголемување на потребата за логистичка структура. Стандардниот асортиман на производи во „Алди Норд“ во Германија, според податоците на компанијата во 2015 година, се состоеше од 1.183 артикли, а до 2022 година оваа бројка изнесувала 1.866, што е зголемување од речиси 60 проценти. Покрај тоа, во есента 2022 година, „Алди Норд“ ја централизираше функцијата за набавка на овошје и зеленчук, пецива и регионални производи, со која претходно управуваа регионални тимови.
Овој потег е дел од пакетот долгорочни мерки, со кои „Алди“ има за цел да ја подобри ефикасноста и профитабилноста. За првпат во својата исторја „Алди Норд“ во 2018 година работел со негатива и во 2020 година повторно успеал да се врати во профитната зона. Во изминатите 10 години, дисконтерот затворил околу 200 продавници во Германија (погледнете го графиконот). Според наводите на компанијата, моментално имаат околу 2.200 продажни места на северниот и источнот дел на Германија.
После втората фаза на оптимизација, се чини дека е прикрај консолидирањето на продажата мрежа на „Алди Норд“. Минатата есен, групацијата „Алди“ објави тригодишен амбициозе план: до 2026 година имаат намера да ја прошират својата европска мрежа на продавници од сегашните 5.300 на над 6.000 продажни објекти. Фокусот ќе биде насочен кон странските филијали во Франција, Полска и Шпанија. Во таа насока, дисконтерот уште минатата година во септември креирал нова меѓународна холдинг група, која што ќе се занимава со меѓународното работење. Деловното работење во странство сочинува околу 50% од продажбата на групацијата, тоа изнесувало 27 милијарди евра во 2022 година. Покрај тоа, тука е и американскиот бизнис „Традер Џоес“, кој припаѓа на „Алди Норд“ и генерира промет од 16,5 милијарди американски долари.
За разлика од другите трговци, на кои високите каматни стапки им ги замрсиле плановите за натамошна експанзија, „Алди“ нема такви проблеми, зато што овој дисконтер во голема мера е независен од екстерниот капитал и речиси целосно работи без надворешен капитал.
Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот. Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.
Фото: Себастијан Ренак
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.