Цените на кафето скокнаа на светскиот пазар поради стравувањата дека пандемијата предизвикана од корона вирусот ќе доведе до прекини во снабдувањето.
Според Меѓународната организација за кафе (ICO) во која членуваат 49 земји увозници и извозници на кафе мерките за карантин поради корона вирусот би можеле да ги загрозат пратките од Колумбија, кој е значаен глобален производител на кафе.
Цените на арабика, најчесто одгледуван вид, неодамна почнаа да растат заради оваа загриженост, со оглед дека глобалната економија е „замрзната“. Така, цената на арабика во Бразил, најголемиот производител на кафе, се зголеми за 10 проценти во однос на февруари.
Иако зголемувањето на цените од една страна е лоша вест за преработувачите и крајните потрошувачи, таа донесе олеснувања за производителите кои беа на работ на колапс заради ниските цени,
Од 2016 година, цената на кафето опадна за 30 проценти од просечната цена во претходните 10 години, покажуваат податоците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.