Германската групација „Реве“ обезбеди бесплатна достава на неопходни производи за германските здравствени работници во наредните три месеци, како знак за благодарност за нивните работа и труд.
Докторите и медицинскиот персонал го заслужуваат тоа, затоа што се херои, рече извршниот директор на „Реве груп“.
Групацијата има 15.000 продавници и најмногу супермаркети во Европа (6.634 во 2019 година, а зад нив се „Едека“ со 6.222). Во 2018 година остварија 57,8 милијарди евра промет.
Во рамките на групацијата работат: „Бипа“, „Пени“, „Агед“, „Меркур“, „Била“, „Пени маркет“, „Реве сити“, „Реве центар“, „Реве то гоу“ и „Тема“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.