Свет

Британците консумираат повеќе алкохол во карантин

08 Apr 2020

61% од Британците признале дека пијат повеќе алкохол откако почнаа да се затвораат во своит домови, според истражувањето на компанијата „Витл“.

Во ова истражување, кое е спроведено како дел од поширока студија за влијанието на самоизолацијата врз начинот на живеење на Британците, вклучува 2.200 анонимни испитаници.

Според сознанијата добиени од истражувањето, консумирањето на алкохолни пијалаци е зголемено во просек за трипати, од моментот кога е воведена самоизолацијата. Во истражувањето испитаниците се прашани и колку често пијат алкохолни пијалаци. Утврдено е дека 38% од нив пијат секоја вечер, а меѓу нив 21% пијат доволно количество за тоа да премине во посилна потрошувачка, додека 79% консумираат еден или два пијалака.

Со анализа на податоците на Google Trends, истражувачите на „Витл“ открија дека пребарувањето за „испорака на вино во Велика Британија“ порасна за 2.250% во споредба со последниот месец. Пребарувањата на интернет за „достава на пиво“ се исто така зголемени за 550%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...