Свет

ЕУ со специјален фонд за стопанствата на земјите погодени од корона вирусот

11 Mar 2020

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави дека ЕУ ќе ги искористи сите инструменти кои ѝ се на располагање за да ги поддржи стопанствата на земјите погодени со коронавирусот.

Таа најави дека за таа цел ќе биде формиран специјален фонд за одговор на епидемијата.

Фиксните насоки ќе бидат донесени до крајот на неделата, изјави Фон дер Лајен по вонредната видео-конференција на европските лидери посветена на мерките за справување со новиот вид коронавирус.

Фондот ќе изнесува околу 25 милиони евра, пари за кои се очекува дека брзо ќе бидат собрани од земјите-членки. Со нив ќе се обезбеди поддршка за здравствените системи, малите и средни претпријатија, пазарот на труд и другите ранливи сегменти на европската економија. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...