Свет

„Лаш“ сапун за помош на животните

04 Feb 2020

„Лаш“ креира наменски сапун во облик на коала, во знак на признавање на заложбата да се најдат преживеаните животни од страшниот пожар во Австралија.

Сапунот е направен од евкалиптус и лимонска трева, а нето-приходот од продажбата ќе им се донира на организациите за спасување на животните, како и за нивна рехабилитација.

Може само да го замислиме хоророт со кој се соочија луѓето што ги пребаруваа преживеаните животни во пожарот во Австралија, каде што загинаа милиони животни, објави компанијата „Лаш“.

Речиси половина милијарда животни умреа во катастрофалните пожари кои ја пустошеа Австралија со месеци, при што се стравува дека некои видови се целосно искоренети.

Екологистите од Универзитетот во Сиднеј проценуваат дека се изгубени околу 480 милиони цицачи, птици и влекачи и очекуваат оваа бројка да продолжи да расте.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...