Свет

Трговските марки во „Едека“ ги надминаа А-брендовите

12 Dec 2018

Германскиот трговец „Едека“ гледа голем потенцијал за пораст на приватните трговски марки.

Уве Кулер за „Либенсмител цајтунг“ (ЛЗ) изјавил дека гледа поголем потенцијал во трговските брендови. Според него, А-брендовите покажуваат слаба иновациска моќ и паѓаат на квалитетот на производите.

ЛЗ наведува: По жестоките преговори меѓу „Нестле“ и „Едека“, позицијата на германскиот трговец останува јасна: брендовите го губат лидерството во областа на иновациите.

Кога станува збор за квалитетот на производите, Кулер  е убеден дека приватните трговски марки се секогаш подобри од А-брендовите, со кои се во директен натпревар.

Освен тоа, „Едека“ настојува да ја зголеми и соработката со помалите производители, особено со иновативните стартап-компании. Платформата Foodstarter, преку која „Едека“ им овозможува на различни стартап-компании да соработуваа со групацијата, станува сè попопуларна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...