Свет

Експанзија на трговските марки на „Коп“ – Италија

11 Oct 2018

„Коп“ – Италија објави дека продажбата на приватните трговски марки продолжува да се зголемува.

Трговецот соопшти дека профитот од продажбата на 4.500-те приватни марки минатата година достигнал до 2,7 милијарди евра. Воден од успехот, трговецот континуирано го проширува асортиманот на приватни марки. Така, неодамна беа лансирани околу 80 производи за лична нега под брендот Io. Линијата, наменета и за мажи и за жени, вклучува сапуни, шампони, гелови за туширање и пенливи купки, додека Io Advance е насочена кон специфичните потреби за убавина и вклучува шампони за специфични третмани. Сите алергени од производите се отстранети и состојките што можат да предизвикаат иритација се јасно обележани.

„Коп“ – Италија најави дека до 2022 година планира сите трговски марки да бидат спакувани во рециклирачки и компостабилни амбалажи што можат повторно да се користат. Трговецот верува дека производите од еколинијата Vivi Verde ќе ја достигнат таа цел до крајот на 2019 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...