Американскиот синџир за кафе „Старбакс" се реорганизира, при што прави промени во врвот на компанијата и укинува или групира работни места.
Промените временски се поклопуваат со низа предизвици пред кои е исправен „Старбакс", како што се жестоката конкуренција на американскиот пазар и големиот проект за проширување на бизнисот во Кина.
За три месеци компанијата смени две лица на водечки позиции. Смената на поранешниот извршен директор Хаурд Шултс особено ги загрижи инвеститорите поради недоумницата за насоките кон кои ќе се движи компанијата откако Шулц со неа управуваше 40 години.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.