„Шпар“ ќе биде спонзор на Европското првенство во атлетика во сала во 2025 година, кое ќе се одржи од 6 до 9 март во Апелдорн.
Овој настан ќе собере повеќе од 700 спортисти од цела Европа, кои ќе се натпреваруваат во низа атлетски настани во култната „Омниспорт Арена’. Ова воедно е првпат шампионатот да се „врати“ во Холандија по 1989 година. Настанот се очекува да го следат 30.000 гледачи во живо, како и околу 66 милиони гледачи преку ТВ пренос.
„Шпар“ ќе има силно присуство за време на натпреварите, со брендирање на лице место, односно во самата сала, што ќе ја зајакне неговата посветеност на атлетиката.
Од компанијата велат дека се горди што се дел од овој настан, што „ќе ја нагласи виталноста на спортот и ќе ги обедини заедниците низ Европа“. Со долга традиција на поддршка на атлетиката, партнерството на „Шпар“ со Европското првенство во атлетика во сала е во согласност со една од целите на брендот, а тоа е промовирање на здрав, активен животен стил.
Извор: „Шпар интернешнл“
Фото: „Шпар“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.