Свет

САД: Пораст на приходите на „Амазон“

10 Feb 2025

Компанијата „Амазон“ објави нето раст на продажбата од 11% на 638 ​​милијарди долари во 2024 година, во споредба минатата година кога продажбата изнесуваше 574,8 милијарди долари.

 Без негативното влијание од 2,3 милијарди долари поради промените на одредени девизни курсеви во текот на годината, нето-продажбите се зголемија за 11% во споредба со 2023 година.

Компанијата забележа раст на оперативните приходи на 68,6 милијарди долари, во споредба со приходите од 36,9 милијарди долари една година порано.

Нето приходот се зголеми од 30,4 милијарди долари во 2023 година на 59,2 милијарди долари, додека намалената заработка по акција беше 5,53 долари во споредба со 2,90 долари претходната година.

Празничната сезона за купување беше најуспешната досега за „Амазон“ и ја цениме поддршката од нашите купувачи, партнери за продажба и вработени кои ни помогнаа да ги постигнеме овие резултати, изјави Енди Џеси, претседател и извршен директор на „Амазон“.

Во првиот квартал од 2025 година, компанијата очекува нето-продажби во опсег од 150 до 155 милијарди долари, како и оперативни приходи меѓу 14 и 18 милијарди долари, во споредба со 15,3 милијарди долари во првиот квартал од 2024 година.

 

Извор: InStore

Фото: „Амазон“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...