Португалскиот трговски синџир „Пинго доце“ ги престави повеќекратните торбички за леб кои се целосно направени од памук.
Во моментов португалскиот трговски синџир на потрошувачите им нуди неколку опции кога е во прашање амбалажата, како на пример: мрежести еко ќеси, памучни ќеси за повеќекратна употреба, ќеси од 60% рециклирана пластика, хартиени ќеси и мрежести ќеси за овошје и зеленчук.
Овие иницијативи со текот на годините придонесе во намалувањето на потрошувачката на пластични ќеси за еднократна употреба и воведување на нови навики кај потрошувачите. Не сакаме да запреме тука. Ќе продолжиме со иновациите и на нашите купувачи ќе им донесеме одржливи и пристапни алтернативи, секогаш земајќи го во предвид влијанието врз животната средина, изјави Филипа Пиментел, директорка за одржлив развој и локално влијание во компанијата „Пинго доце“.
Исто така, „Пинго доце“ е еден од првите синџири на супермаркети во Португалија кои на потрошувачите им овозможува самите да си донесат садови за готовите јадења, деликатеси, риби и пецива.
Во 2022 година, „Пинго доце“ е првата компанија на која Националната комисија за борба против расипување на храната и додели сертификат за „Одржливо производство и одговорна потрошувачка“.
Извор: ESM magazine
Фото: „Пинго доце“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.