Свет

Германија: dm дрогерие маркт го декарбонизира својот синџир за снабдување

12 Jun 2024

Во соработка со компанијата „ЛКВ Валтер“, dm дрогерие маркт од годинава преминува на интермодален транспорт.

Како што соопштуваат од компанијата, најголемиот дел од транспортните рути ќе бидат покриени со железница, додека по патиштата ќе се одвива само дел од транспорот, од производниот погон до терминалот и од терминалот до дистрибутивниот центар.

Со ваква одлука компанијата очекува до крајот на 2025 година да се намалат околу 400 тони Со2.

Интермодалниот транспорт моментално доживува ренесанса во логистичката индустрија затоа што нуди бројни предности. Комбинираниот транспорт пред се придонесува за декарбонизација на логистиката. Доколку до 2026 година се конвертираат сите наши добавувачи од дистрибутивниот центар во Австрија и во Унгарија  како и од другите дистрибутивни центри од подгрупите, годишно ќе се заштедат до 700 тони од Со2, изјави Стефан Хеиглауер, генерален директор на dm дрогерие маркт.

Оваа стратегија главно го вклучува транспортот на големи далечини од добавувачите кои се наоѓаат во Белгија, Германија, Франција и Шведска.

 

 

 

Извор: Rail Market

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...