Брендот за сосови на „Унилевер“, Hellmann's, инвестира 14,7 милиони евра во својата фабрика во Порто Алегре во Бразил.
Овие средства ќе бидат искористени за унапредување на работата и задоволување на растечката побарувачка на производите во пакувањата „сквиз“, а од компанијата соопштуваат дека побарувачката на мајонезот во ова пакување минатата година пораснала за 30%.
Секој месец добиваме се поголем удел на пазарот и потребни ни се поголеми капацитети. Оваа инвестиција ќе ни овозможи да ја оптимизираме нашата работа во поглед на перформансите, опремата и собирањето на податоци, изјави Едмундо Моло, директор на фабриката во Порто Алегре.
Од компанијата додаваат дека оваа инвестиција овозможи фабриката да биде висикотехнолошка, користеќи ВИ и подобрување на ефикасноста на фабриката.
Извор: „ФудБев“
Фото: „Унилевер“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.