Свет

Велика Британија: „Морисонс“ воведува картонски кутии за пазарување

04 Jun 2024

„Морисонс“ повторно воведува бесплатни картонски кутии како замена за традицоналните пластични ќеси.

Од компанијата соопштуваат дека оваа иницијатива им дава втора шанса на кутиите кои инаку би биле рециклирани, а ова доаѓа како одговор на анкетата во чии рамки околу 67% од купувачите рекле дека го поддржуваат враќањето на оваа акција.

Продолжуваме да им го олесниме купувањето на нашите потрошувачи и навистина сме задоволни што ги враќаме нашите бесплатни картонски кутии и барање на купувачите, изјави Џен Прајс, директорка во „Морисонс“.

Ова е воедно и најнова иницијатива на компанијата како дел од планот за трансформација што го воведе генералниот директор Рами Баитеих.

Компанијата годинава воведе и мини колички за деца со цел искуството за купување да го направи пријатно и за најмладите купувачи, а во април ги продолжи своите „мирни часови“, за на купувачите да им овозможи мирно искуство во купувањето.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Морисонс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...