Свет

Велика Британија: „Шпар“ лансира нова линија на вина

30 May 2024

Компанијата „Шпар“ во Велика Британија лансира нова линија на вина од својата приватна трговска марка.

Во новата линија на вино се вклучени три вкуса и тоа: A drop of red , A sip of white  A splash of rose.

Воодушевени сме што го лансиравме нашиот нов асортиман на вина специјално создаден за нашите „Шпар“ продавници. Не само што вината имаат конкурентна цена, туку тие се дизајнирани да бидат атрактивна опција за клиентите кои бараат прифатлива, но сепак вкусна опција. Кога вкусот, пакувањето и цената ќе се спојат, овој асортиман дефинитивно прави совршена понуда, изјави Амрит Ребело, бренд менаџер.

Компанијата  додаде дека вината имаат етикети со специјално дизајнирани знаци создадени за да ги ангажираат купувачите на соодветната возраст, а шишињата исто така имаат QR кодови што потрошувачите можат да ги скенираат, што ги носи на веб-страницата на компанијата, каде што можат да најдат повеќе информации за вината. .

 Секој чекор во процесот на производство на вино е внимателно следен за да се обезбеди одличен квалитет и вкус. Со новата колекција на вино, сакав на љубителите на вино да им понудам исклучителна вредност, правејќи ги овие вина совршен избор за секојдневно уживање. Со знакот за искучителност на „Шпар“, купувачите ќе можат да веруваат дека секое шише дава исклучително искуство, изјави Филипа Кар, специјалист за вино во „Шпар“.

 

Извор: Grocery Gazette

Фото: „Шпар“ - ОК



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...