Свет

Шпанија: „Перно Рикар“ го претстави безалкохолниот џин

08 фев 2024

„Перно Рикар“го престави Beefeater 0.0%. како новитет од   својот асортиман на безалкохолни пијалаци во Шпанија.

Се работи за за безалкохолна верзија на познатиот џин Beefeater.

Лансирањето на Beefeater 0,0% дополнително ја покажува посветеноста на компанијата да ги задоволи се поголемите потреби на потрошувачите за алтернативни опции, соопштуваат од компанијата.

Beefeater 0,0%  е нашиот прв безалкохолен џин кој ги задржува вкусот и енергијата на нашиот безвременски лондонски класик, но без алкохол. Горди сме што донесовме возвишеност во категоријата на безалкохолни пијалаци и со тоа им овозможивме на потрошувачите да го пробаат нашиот џин без да прават компромиси, изјавила Муриел Десенис, потпреседателка за маркетин на „Абсолут група“. Од компанијата соопштуваат дека новиот џин првично ќе биде лансиран во Шпанија, после што ќе следува ширење и во другите држави.

 

Извор: Inside FMCG

Фото: „Перно Рикар“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...