Кинеската компанија „Алибаба“ објавила дека имала пад на нето добивката од 77 отсто во третиот квартал од својата фискална година, промашувајќи ги прогнозите на аналитичарите, пренесува „Ројтерс“.
Во периодот од октомври до декември, компанијата остварила нето довивка од 10,4 милијарди евра, додека продажбата остварила раст од 5 отсто, односно 33,8 милијарди евра.
И покрај остварените слаби бројки, кои компанијата ги припишала на неизвесната ситуација на малопродажниот пазар и слабеењето на економското опоровавување на кинеска економија, „Алибаба“ најавила зголемување на програмата за откупување на акции во вредност од 23, 3 милијарди евра.
Како што пренесува „Ројтерс“, минатата година во март, компанијата најавила дека ќе се подели на шест делови и ќе ја разгледа можноста за собирање на иницијални понуди и излез на берза за поголемиот дел од нив, после двегодишниот регулаторен притисок во Кина.
Веднаш после тоа, од „Алибаба“ соопштиле дека дошло до промена во управниот одбор на компанијата.
Извор: „Ројтерс“
Фото: „Алибаба“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.