Свет

„Данон“ го претстави асортиманот Просто наше во Украина

04 Sep 2023

По повод 24 август, Денот на независноста на Украина, „Данон“ објави дека од пазарот го повлекува рускиот бренд Простоквашино и лансира нов украински бренд – Просто наше.

Од млечната компанија наведуваат дека новиот бренд е уште еден симболичен чекор кон зајакнување на идентитетот и автентичноста на украинското производство.

Во секоја смисла, почнувајќи од формата и содржината до секој идентитетски елемент на пакувањето, брендот Просто наше ги покажува вредностите за кои се залага, изјави Андреј Полиектов, маркетинг-директор на „Данон“ – Украина.

Палетата вклучува млеко, кефир, ријажанка (традиционално ферментирано млеко), павлака и свежо сирење. Сите производи ќе се произведуваат во фабриката во Кременчук, а за суровина ќе се користи млекото од блиските фарми.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...