Свет

„Перно Рикар“ стана официјален дистрибутер на вискито FUJI за Европа

15 Aug 2023

Гигантот за алкохолни пијалаци „Перно Рикар“ потпиша договор со пиварницата „Кирин“ за дистрибуција на јапонското виски FUJI во континентална Европа. „Перно Рикар“ ќе го дистрибуира брендот на 13 пазари, вклучувајќи ги Франција, Италија, Полска и други земји во централна Европа.   

Овој договор е втор од овој вид меѓу „Перно Рикар“ и „Кирин“, бидејќи  „Перно Рикар“ веќе подолго време го дистрибуира бурбонот Four Roses во Европа и пошироко. 

Пиварницата пред три години го лансираше FUJI на јапонскиот пазар. 

За потсетување, „Перно Рикар“ пријави поголем пад на продажбата во третиот квартал од очекуваниот, но компанијата искажа уверување дека ќе има силен впечаток во финансиската 2023, очекувајќи „многу силна“ продажба во четвртиот квартал.  

Извор: esmmagazine
Фото: Kirin Brewery

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...